Зошто е важно руколата да биде дел од вашата исхрана?

Лекарите ја препорачуваат руколата како намирница во борба против лошиот холестерол и големеното ниво на шеќер.

За да го подобрите вашето здравје во текот на летниот период, во секоја салата која ќе ја направите ставете неколку листови свежа рукола. Измијте ја добро и зачинете ја со било која порција зеленчук. На тој начин ќе го нахраните својот организам со големо количество на калиум, калциум, манган, витамините А,Б, Ц, К… Притоа, ќе внесете минимум калории, поради што руколата се препорачува во исхраната.

Оваа зелена билка се повеќе се здобива со „популарност“, бидејќи е богата со хранливи материи и антиоксиданси, го забрзува метаболизмот и го штити организмот од токсини. Лекарите ја препорачуваат како намирница која помага во борбата против холестеролот и зголеменото ниво на шеќер во крвта, додека дозата глукозинолат која ја содржи превентивно делува против рак на бели дробови, простата, дојка и панкреас.

Се препорачува во случаите на хронични воспалителни процеси и срцеви заболувања, а бидејќи изобилува со високо ниво на хлорофил, го спречува оштетувањето на ДНК и јетрата.

Руколата го „штити“ мозокот, спречувајќи да дојде до намалување на когнитивните способности, бидејќи поседува голема количина на витамин Б.

 




Коментари

коментари