Категории

Зошто ги сакаме оптичките илузии?

Најпознатите илузии се предизвикани од несовршеноста на нашите сетила, окото кое ги собира информациите и функционирањето на мозокот што ги обработува истите информации. Оптичките илузии покажуваат како мозокот создава ментална слика која се разликува од вистинскиот физички свет. Со проучување на илузии можеме да научиме кои механизми во мозокот создаваат поинаква слика на светот.

Постојат многу различни видови на оптички илузии, но сите имаат нешто заедничко – успешно нè залажуваат со создавање на искривени концепти на субјектот што го гледаме. Додека најчесто служат за забава, оптичките илузии имаат многу поширока примена, од медицина и технологија до уметност и мода. На пример, дизајнерите понекогаш ставаат ленти на своите фустани за визуелно сибнување на килограми, односно личноста да изгледа послабо во таа комбинација.

Проучувањето на несогласувањето помеѓу перцепцијата и реалноста може да доведе до подлабоко разбирање на умот. Тие можат да ни помогнат да ги разбереме невронските основи на перцепцијата на движењето, како во нормалниот мозок, така и кај пациентите со лезии на мозокот кои влијаат на перцепцијата на движењето.

Овие истражувања можат да помогнат во дизајнирањето на невронската протетика за пациентите со оштетување на мозокот.

Прегледи:
1026
Објавено на:
28.11.2018