Категории

ЗОШТО ХЕЉДИНИОТ ЛЕБ Е ОДЛИЧНА И ЗДРАВА ОПЦИЈА?

Хељдата почнала да се одгледува уште пред 4.000 години во Индија и Непал, бидејќи била отпорна на студ започнале да ја одгледуваат во повеќе земји, како и на овие простори. Од неа се прават различни производи, каша, палачинки, леб и се користи како додаток во повеќе јадења.

Богата е со калиум, фосфор, бакар, цинк, бор, јод, никел, кобалт, како и лимонска и оксална аминокиселина, вирамин Б1 и Б2, РР никотинска киселина, фолна киселина. Содржи белковини кои се многу поквалитетни од тие во другите зрнести култури.

Многумина мислат дека хељдата е житарка, но таа всушност претставува семе од фамилијата растенија поврзани со рабарбара. Цветовите на ова растение имаат јак мирис од кој што се добива специфичен мед со јак вкус и темна боја.

Иако не е житарка, во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.

Протеински профил на хељдата ја прави ненадминат вид на храна кој влијае врз намалување на холестеролот и е клучен фактор за превенција на дијабетис и прекумерна телесна тежина бидејќи го намалува и стабилизира нивото на шеќер во крвта

Моќна е во намалување на хипертензија и во споредба со житарките, таа се истакнува со:

  • Повеќе витамини и минерали, и тоа особено манган, магнезиум, бакар и цинк;
  • Поздрави масти т.е. монозаситени масни киселини кои се добри за срцето;
  • Поздрави диететски влакна кои се во значителен дел растворливи и придонесуваат за намалување на холестеролот и ризикот од рак на дебело црево;
  • Отпорен скроб кој исто така влијае на одржување здраво дебело црево и служи за намалување на шеќерот во крвта;
  • Го намалува високиот крвен притисок;
  • Содржи флавониди корисни за здраво срце и циркулација.

Хељдата традиционално се смета за храна која што „ја гради крвта“. Модерната наука ја припишува оваа нејзина древна репутација на високото ниво на антиоксидантни полифеноли (особено рутин) кои таа ги содржи. Тие го поддржуваат циркулаторниот систем и помагаат при спречување на повторливо крварење предизвикано од ослабени крвни садови, како што се проширени вени, хемороиди и слично.

Во споредба со оризовото брашно, кое е исто така безглутенско, брашното од хељда има:

  • 4 пати повеќе железо
  • 3 пати повеќе калциум
  • 9 пати повеќе магнезиум
  • 6 пати повеќе калиум
  • 2 пати повеќе цинк, бакар и манган

Извор: Жито Интеграл

Прегледи:
319
Објавено на:
05.05.2017