Зошто им е тешко на паметните луѓе да се заљубат?

Љубовта не е секогаш лесна за да се разбере, дури кога се работи за сопствените чувства. Можеби го знаете следново, но многу често е полесно да се дојде до разбирање за работите доколку ги гледате работите од друга перспектива.

Поради тоа, ви претставуваме само неколку од причини зошто на паметните луѓе им е потешко да се заљубат.

1. Ги анализираат чувствата – и нивните и на другите

Паметните луѓе се брилијантни кога станува збор за собирање информации и донесување заклучоци. Ова може да биде корист, но секако дека може да биде и штета поради тоа што си создаваат проблем што всушност и не постои. Недоразбирања? Караници? Извинете, но вие не сте создадени едни за други. Збогум!

2. Им треба време за да се чувствуваат удобно.

Нивниот мозок никогаш не прекинува со процесирање на информации и собирање на детали и одговори. Поради тоа, паметните луѓе имаат потешкотија да се почувствуваат удобно и да зборуваат за своите чувства. Свесни се за ризикот кој стои позади секоја врска. Поради тоа многу често делуваат ладни и незаинтересирани, кога тоа всушност и не е така.

3. Статусот „слободна“ е нивен свесен избор

Тоа е факт. Паметните луѓе веруваат во нивната идеологија дека е подобро и дека се чувствуваат поудобно кога не се со човек што „не е нивен“. Ова е нивна свесна и добро промислена одлука. Најголем дел од овие луѓе не се во врска не поради условите, но поради тоа што сакаат да поминат квалитетно време надградувајќи се себе.

https://media.giphy.com/media/VrevtFCvv1uPC/giphy.gif




Коментари

коментари