Зошто кремот со заштитен фактор е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН во вашата нега

Кремот со spf морате да го носите преку целата година, дури и тогаш кога сонцето е најслабо

Beauty експертите советуваат дека кремот за лице со заштитен фактор е задолжителен во секојдневната нега. Било да живеете на Флорида или не, дури и за време на облачните денови УВ зраците се доста силни и можат да предизвикаат трајни оштетувања на кожата.

Се препорачува користење на крема на која пишува фактор 30 или повеќе. Важно е кремата со заштитен фактор да се нанесе на лицето барем 20 минути пред излегувањето надвор.

Ви ги истакнуваме најважните причини поради кои морате да ја вклучите кремата со spf во вашата секојдневна рутина:

1.Кремата со заштитен фактор спречува неизедначена боја на кожата
Пролонгираната изложеност на УВ зраци нанесува штета на ќелиите кои создаваат пигмент, што резултира со вишок и неизедначена пигментација во вид на темни пеги, старечки пеги и дамки.

2.Кремата за сунчање го успорува стареењето на кожата
Штетата која ја нанесуваат УВ зраците создава 80%-90% видливи знаци на стареење – вклучувајќи и брчки и оштетеност на кожата.

3.SPF може да се пронајде во различни облици, не само во креми
Доколку замислата секојдневно да нанесувате кремаста структура на вашето лице ви паѓа тешко, не грижете се, производите за заштита од сонце денес можат да се најдат во различни облици, во вид на спреј, лосион, стик и гел.

Важно е да напоменеме дека и бројни козметички производи за шминка содржат SPF.




Коментари

[fbcomments]