Категории

Зошто луѓето објавуваат црно-бели фотографии на Фејсбук?

Веројатно сте забележале дека некои ваши пријатели споделуваат црно-бели фотографии на Фејсбук.  Најчесто тоа се фотографии од детството и под нив пишуваат “предизвикот е прифатен.” Зошто луѓето тоа го прават?

Повеќето луѓе објавуваат црно-бели фотографии, затоа што се смета дека на овој начин ја подигнуваат свеста за луѓето кои боледуваат од рак, но овој предизвик не е поврзан со ниту една организација или акција.

“Ајде да го исполниме Фејсбук со црно-бели фотографии, за да им дадеме поддршка на луѓето кои се борат против ракот.” – гласи текстот кои го споделуваат многу луѓе.

Постои можност дека некој го започна овој предизвик со одредена благородна цел. Некое луѓе покрај своите фотографии ставаат забелешка дека се борат против болеста, а други тоа го прават поради забава, не знаејќи ја вистинската причина зошто тоа го прават.

Предизвикот започна во Индија, каде последните неколку месеци е многу популарен, пишува “Mirror”. Последните неколку недели се рашири по целиот свет.

Прегледи:
293
Објавено на:
30.08.2016