Категории

Зошто мажите одеднаш губат интерес за врската и заминуваат

Влегувањето во нова врска може да биде едно од најубавите чувства на светот. Чувството кога вие двајца сте толку блиски што само минуваат часови може да биде неверојатно. Меѓутоа, она што може да биде навистина поразително е кога мажот нагло ќе се повлече, ќе замине и искрено ќе изгуби интерес – без разлика дали тоа ќе се случи со текот на времето или навидум преку ноќ.

– Како водич за врски, разговарам со многу мажи (и жени) кои се жртви на вообичаени однесувања кои предизвикуваат крај на врската. Честопати, ако сте свесни зошто мажот се повлекува, можете да ја поправите вашата врска пред да биде предоцна – објаснува експертот за врски Клеј Ендрјус.

Според него, ова се 3-те главни причини зошто мажите губат интерес за врска и како да ја вратат истата.

1. Мисли дека не може да ве задоволи
Често мажот губи интерес кога саканата жена премногу се жали, особено за него. И многу жени се жалат дека се обидуваат да комуницираат или да се поврзат. Понекогаш се жалат во обид да стекнат чувство на контрола (често затоа што чувствуваат дека немаат контрола во друга област од нивниот живот). Меѓутоа, за мажот, овој тип на поплаки изгледа како негов личен неуспех да угоди или да направи среќна жена. И ако ништо што прави не е доволно добро, тогаш зошто би продолжил?

Мажите губат интерес кога се чувствуваат поразени и заробени во ситуација кога не гледаат подобра иднина. Начинот да се поправи тоа е да се префрлите од жалење кон фокусирање на она што го сакате. Нема апсолутно ништо лошо во тоа да го кажете тоа што го мислите и да ја изразите вашата загриженост. Сепак, повеќето жени го прават тоа на начин кој е фокусиран на проблемот, а не на она што всушност го сакаат или решението.

2. Не се чувствува безбедно кога ви го покажува своето вистинско лице
Следната причина зошто мажот губи интерес е затоа што не се чувствува безбедно и е ранлив со вас. Ова често е предизвикано од високите очекувања, осудувачкото однесување или некој друг начин на кој жените се обидуваат да го натераат мажот да се однесува на одреден начин што не е она што тој навистина е.

– Кога ќе заземете ваков став со маж, интеракцијата со вас ќе биде подеднакво привлечна како одењето на стоматолог – вели Клеј.

Решението овде е радикално прифаќање. Кога емоционално не го прифаќате онаков каков што е, и наместо тоа сакате да биде нешто што не е (или мисли дека сакате да биде нешто што не е), тој ќе се повлече од страв од осуда или разочарување. Емоционалното прифаќање значи да се биде афирмативен за него каков и да е (се додека не се работи за општо неприфатливо однесување).

3. Во неговиот живот се случуваат други работи
Друга причина зошто мажите губат интерес е затоа што едноставно имаат други приоритети во животот со кои треба да се справат. Во оваа категорија често спаѓаат роковите на работа, семејната драма и финансиските проблеми. Машкиот „modus operandi“ е дека нивното внимание е фокусирано на она што е „највисок приоритет“ во неговиот живот. За добро или лошо, нема секогаш да бидете на врвот на таа листа.

Кога минува низ тежок период, неговиот фокус природно ќе биде на она со што прво треба да се соочи. Кога тоа ќе се случи, не сакате да се натпреварувате за неговото внимание. Поради тоа, мажот ќе се чувствува како да треба да избира помеѓу грижата за својот болен родител (на пример) и вас.

– И да ви кажам, дури и да ‘победите’, тој сепак долгорочно ќе ви замери што го доведовте во таа ситуација – забележува експертот.

Наместо тоа, во ситуации како оваа, најдобриот пристап е едноставно да се обезбеди поддршка, а не да се натпреварува за неговото внимание. Поддршката во тешките моменти ќе му покаже дека сте на негова страна. Освен тоа, кога повторно ќе ги стави работите под контрола, ќе се сети кој му стоел и најверојатно ќе ја продлабочи врската со вас и ќе се чувствувате поповрзани и посреќни од кога било.

Прегледи:
768
Објавено на:
12.02.2022