Категории

Зошто на жените им треба повеќе сон?

Жените и мажите се разликуваат по многу нешта, но една разлика е особено опасна по женското здравје, а се работи за потребата од сон која кај жените е поизразена отколку кај мажите.

Имено, кај жените поради недостаток на сон се развиваат болести кои во такви ситуации не ги погодуваат мажите.

Се покажало дека жените на кои им недостасува сон се посклони кон развивање на психолошки пореметувања, депресија или срцеви болести, а тоа истражувачите го докажале со мерење на степенот на лутина, бес и депресија после будењето кои се многу поголеми отколку кај мажите.

Покрај тоа, на жените им се препорачува во текот на денот да отспијат помеѓу 25 и 90 минути,а сето тоа од причина што го користат мозокот повеќе од мажите правејќи многу работи во исто време.

Прегледи:
461
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
10.01.2016