Категории

Зошто не е добро да се фалите? – Оваа приказна ќе ви го даде одговорот

Размислете добро за пораката која ја носи оваа приказна

Три жени се сретнале кај бунарот каде што дошле по вода. Почнале да зборуваат за своите синови. „Треба да го слушнете мојот син, колку само прекрасно пее, како славеј.“

Втората жена исто така се пофалила: „А да го видите мојот син, колку е висок и силен. Кога ќе фрли камен во височина, тој скоро ги допира облаците.“

Третата жена само молчела а поради тоа другите две почнале да ја провоцираат: „А твојот син?“
„Не знам што да ви кажам, мојот син е млад, обично момче како и сите други.“

Жените се упатиле кон своите домови нисејќи го тешкиот терет на главата. Третата жена и понатаму молчела покрај двете жени.
Сонцето горело се посилно, теретот бил тежок. Одеднаш на влезот од селото, жените ги здогледале своите три сина.

„Слушнете како мојот син прекрасно пее“, воскликнала првата жена на својот син кој седен на каменот и пеел убаво.

„Погледнете го мојот син“, восхитено извикала втората  жена „колку само високо го фрла каменот, јунак.“

Третиот син притрчал кон својата мајка и го зел теретот од нејзината глава.

Прегледи:
934
Објавено на:
29.02.2020