Категории

Зошто не можете да го оставите оној кој не е добар за вас?

Продолжуваш да бидеш достапна кога нему му е погодно, да ја одржуваш романсата која постои само во твојата глава и се задоволуваш со трошки кои ти ги дава. 

Знаеш дека треба да бегаш, да се ослободиш, да не се обидуваш повеќе да решаваш туѓи проблеми но сепак веруваш дека нештата ќе се променат со твојот труд, дека со твоето трпение, добрина и внимание ќе влијаеш на него. И затоа продолжуваш да се обидуваш иако некаде длабоко во тебе знаеш дека нема да успее, едноставно не можеш да кренеш раце.

Сакаш да му покажеш дека е добра личност, да го научиш да се гледа себеси онака како што ти го гледаш, но и да си докажеш на себеси дека не си кукавица, дека не се откажуваш и дека упорноста секогаш донесува позитивни резултати и љубовта на крајот победува.

И така продолжуваш да удираш во ѕидот со главата, се обидуваш да пробиеш низ неговата емоционална недостапност. Си велиш дека мораш да се обидеш посилно, дека не си вложила доволно труд, дека ако пробаш подобро ќе успееш.

Продолжуваш да бидеш достапна кога нему му е погодно, да ја одржуваш романсата која постои само во твојата глава и се задоволуваш со трошки кои ти ги дава.
Колку повеќе умираш од глад за љубов, толку посилни се твоите чувства и твојата волја станува поголема –  ти сакаш за двајца.

Зошто не можеш да се откажиш од врската во која ти си единствениот играч?
-Затоа што ќе останеш празна. Ќе почувствуваш дека не си неопходна дека твојот труд нема резултат, дека твојата љубов и упорност немаат влијание, дека си неважна. Ќе останеш без твоето чувство на вредност и она кое ти дава смисла, без гориво.
Затоа не можеш да се откажеш од оној кој не е добар за тебе – не можеш да го прифатиш поразот.

Прегледи:
568
Објавено на:
29.08.2020