Категории

Зошто не смеете да носите долна облека после секс?

Неколку факти за вашето интимно здравје кои е добро да ги знаете.

Дали обично после сексот ги затварате очите и веднаш заспивате? Подобро е да не го правите тоа. Ако се грижите за вашето здравје, постојат неколку „правила“ кои е добро да ги знаете.

Што да правите после сексот?

Одете во тоалет
Едно од најчесто повторуваните совети од гинеколозите е – мокрење после полов однос. Колку побрзо толку подобро, направете го во текот на неколку минути после односот. Тоа ќе ви овозможи да избенете инфекција на мокрачнит епатишка – млазот мокрача ги испира бактериите од уриналниот тракт и ги пренесува таму во текот на сексуалниот контакт. Исто така добра идеа е после тоа да се истуширате со интимна хигиенска течност со pH помеѓу 3,8 и 4,2. Избегнувајте миризливи сапуни и други производи.

Не носете долна облека
АКо не сакате да спиете голи, облечете спавача или евентуално маица и лесни прозрачни пижами. Долната облека најчесто е направена од синтетика а тоа влијае врз создавањето на ризик од инфекции на интимните делови.

Користете посебен пешкир
АКо после сексуалниот однос се туширате, имајте посебен пешкир за себе и интимната зона. Менувајте го често и осигурајте се добро да се исуши затоа што влагата е подложно тло за бактериите и инфекциите. Користете таков кој е изработен од 100% памук.

Прегледи:
611
Објавено на:
30.09.2020