Чек дис аут
Search


Зошто не треба да носите бел градник под бела маица?

Ако мислевте дека белиот градник се носи под бела маица, се лажете, еве и зошто!

Ова е прашање кое себеси си го поставуваме неколку пати пред да блечеме бела маица, кошула или блуза. На крај, секогаш го облекуваме оној во кој се чувствуваме најудобно, но сепак треба да поведеме сметка за изборот доколку сакаме да оставиме најдобар впечаток, как0 и кога станува збор за настани на кои треба да изгледаме перфектно. Доколку мислевте дека белиот градник е совршен избор за носење под бела маица – грешите бидејќи одговорот е малку поинаков.

Кога сакате градникот да изгледа речиси невидлив под белата маица или топот кој е проѕирен, најдобар избор е модел во „nude“ нијанса, односно онаа боја која се сложува со вашата боја на кожа. Важно е да биде неутрален и добро да се вклопува.

Кога станува збор за материјалот, најдобри се оние градници од микровлакна и свила, бидејќи имаат транспарентна текстура која е најдобра за носење под бела маица. Исто така, она што е многу важно да се напомене е фактот дека сето ова е залудно доколку не изберете градник со соодветната големина.




Коментари

коментари