Категории

Зошто не треба да пиете вода со мраз кога надвор е жешко?

Во жешките летни денови сите сме во потрага по освежување, чаша ладна вода со мраз звучи како добра идеја, но всушност не е.

Можеби ова тврдење не ви звучи логично, но водата со мраз ќе има спротивен ефект на организмот од она што го очекувате.

Како всушност ладната вода влијае на вашето тело?

  • Телото троши повеќе енергија на регулирање на  температурата на телото, отколку на варење и апсорбирање на хранливите материи.  Овој процес може за последица да има губење на водата и дополнително загревање на телото.
  • Ладната вода го успорува варењето, ги стеснува крвите садови и ја успорува хидратацијата на организмот.
  • Ако пиете ледено ладни пијалоци веднаш по завршениот оброк, постои голема можност да настинете дури и во лето. Оваа лоша навика исто така влијае и на зголемено лачење на плунката и намалување на имунитетот.

Нутриционистите препорачуваат да не се пие вода додека јадете и еден, два часа потоа. За подобро варење на храната се препорачува топол напиток од кој ќе се чуствувате полесно.

 

Прегледи:
884
Објавено на:
06.07.2016