Категории

Зошто некои луѓе никогаш не се во состојба да речат “извини”?

Да ги кажеме зборовите “жал ми е” и “извини”, е нешто што го учиме уште како деца. Сепак, некои возрасни го сметаат чинот на извинување како невозможна мисија и попрво би го “прегризале јазикот”, отколку да  ги изговорат тие зборови. Зошто е тоа така?

Елтон Џон беше во право кога рече дека “извини” е најтешкиот збор. Некои луѓе зборот “извини” како да го немаат во вокабуларот, а признавањето на грешките за нешто и извинувањето на другата личност за нив е нешто што никако нема да го дозволат.

И иако на прв поглед ни се чини дека станува збор за инает или гордост, психологијата одбивањето на извинување го опишува како манифест на пробување да ја заштитиме сопствената ранливост.

За личностите кои никогаш не се извинуваат, зборот “извини” со себе носи одредени психолошки последици кои се многу повеќе од обични зборови. Чинот на извинување овде буди основни стравови, било свесни или несвесни кои личноста очајнички настојува да ги избегне, па така чинот на извинување го сметаат за закана.

Вака изгледаат работите во главата на личноста која не се извинува никогаш: Доколку признаат дека им е жал, автоматски признаваат дека згрешиле, а на овие личности им е исклучително тешко да ги одвојат своите дела од својот карактер, па веруваат дека доколку направиле нешто лошо, автоматски се лоши личности, доколку некого занемариле, веруваат дека се себични, доколку некаде погрешиле, мислат дека се глупави и неуки. Во тој контекст извинувањето всушност само го симболизира признанието за грешките и директната закана на нивниот идентитет и самодоверба.

И додека извинувањето за поголемиот дел од луѓето може да доведе до чувство на вина, кај личностите кои никогаш не се извинуваат, главно станува збор за чувство на срам, што е многу потоксична емоција од вината. И додека нас вината не тера да се чувствуваме лошо во врска со нешто што сме направиле, срамот прави да се чувствуваме лошо во врска со самите себе си и нашиот идентитет.

И додека поголемиот дел од луѓето сметаат дека извинувањето ќе им помогне во решавањето на некој конфликт, личностите кои не се извинуваат веруваат дека чинот на признавање на грешките само уште повеќе ќе го разбуди конфликтот, откако на другата страна ќе и признаат дека погрешиле и дека ја искористиле нивната слабост.

Со одбивањето да упатат извинување, овие личности пробуваат да ги средат сопствените емоции. Тие најчесто многу добро се носат со лутината, раздразливоста и емоционалната дистанца, па така чувството на емоционална поврзаност со некој и ранливоста која оди заедно со неа ги сметаат за исклучителна закана.

Чинот на извинување на тој начин го сметаат за откривање на самите себе и покажување на ранливост, што според нивните верувања, ќе ги направи подложни на закани и невозможни да се одбранат.

И иако ова можеби изгледа како сигурна опција, многу психолози и терапевти мислат дека е исклучително нездрава, бидејќи отворањето кон другите личности и покажувањето на ранливост е единствен начин на кој можеме да чувствуваме емоционална поврзаност со некој и вистинско задоволство во врската, било тоа да е семејна, пријателска или љубовна.

Прегледи:
266
Објавено на:
04.05.2016