Категории

Зошто сѐ уште не сте ја пронашле љубовта? Еве кои се можните причини

Патиштата на љубовта се неизвесни. Сепак, нејзиното долго исчекувано доаѓање во вашиот живот зависи од тоа како сте спремни да ја пречекате.

За љубов можеби сте спремни, но не знаете кога вашата љубов ќе наиде нити која ќе биде таа личност. Прашањето за љубовта е непознато, невозможно е таа да се контролира, и е исклучително неизвесно. Ако имате некој идеал за тоа каква треба да биде личноста која ќе биде вредна за вашето внимание која одненадеж ќе долета кај вас, не само што ќе се разочарате, туку и штетата која ќе на направите ќе биде многу голема. Ќе бидете потполно непсремни за мигот кога вистинската личност навистина ќе дојде.

Блогерот Лео Бабута тврди дека не е голем експрет за љубов, туку само имал многу среќа кога ја запознал својата сопруга. Сепак, неговиот совет е тој дека во потрага по љубов секогаш треба да бидете спремни на се.

Очекувајте го неочекуваното
Не постои граница за ништо, а и да постои веројатно не би било забавно. Непознато е дали ќе најдете некој кој ќе ви значи, како што не можете да знаете ни дали личноста која штотуку ја запознавте е онаа вистинската. Затоа подгответе се. Очекувајте го неочекуваното и впуштајте се во ситуации за кои не сте сигурни како ќе завршат. Да речеме, запознавте нова работа, отпатувајте некаде со малку пари, без претходно испланирана рута или разговарајте со странци секојдневно. Со тек на време ќе станете подобри во тоа.

Збогувајте се со идеалите
Веројатно барате идеална личност, но така само си отежнувате на себеси. Ако тежнеете кон пронаоѓање на соввршената личност која ги исполнува сите ваши замисли, има компатибилна хемија и притоа и се допаѓате, ќе имате тешка задача, наместо тоа исфрлете ги идеалите и дочекајте го неизвесното со отворен ум, бидете радознали а не сигурни.

Бидете доволни сами на себеси
Наместо да се надевате дека ќе наиде некој кој ќе ги исполни сите ваши очекувања, научете сами да се погрижите за нив. Потребно ви е само она кое веќе го поседувате, токму сега.

Правете интересни нешта
Истражувајте го светот. Одете на некои авантури, стекнете нови вештини или научете нов јазик. Направете нешто. Пишувајте, направете било што поинакво. Поставете си нови предизвици, заплашете се себеси. Не само што ќе станете многу по интересна личност, туку ќе бидете и по забавни, ќе имате интересни приказни кои ќе му раскажувате на идниот партнер.

Подобрете го здравјето и вашите финансии
Никој не сака да биде покрај губитници. Нити вие го сакате тоа нити вашиот иден партнер. Почнете да вежбате и бидете фит, почнете да штедите, елиминирајте ги вашите долгови. Бидете феноменални.

Прегледи:
476
Објавено на:
10.12.2019