Категории

Зошто се носат мартинки?

Месецот март само што ни пристигна, а со него се поврзува носењето на мартинки.

Кое е верувањето коешто се асоцира со носењето мартинки?

Мартинките го одбележуваат пристигнувањето на пролетта, а исто така се асоцираат и со добро здравје.

Составени се од црвен и бел конец, од кои црвената го претставува животот, а белата ја претставува чистотата и здравјето.

Мартинката се носи на левата рака или се закачува за облеката.

Доколку некому му подарите мартинка, се смета дека подарувате среќа и пријателство.

Дали веќе направивте мартинки?

Прегледи:
166
Објавено на:
02.03.2024