Зошто се плашиме од петок 13-ти? Ова е приказната која стои позади овој ден!

Стравот од петок 13. доби толкави размери што дури има и свое име – параскаведекатриафобија е називот за чувството на непријатност поврзано со овој ден.

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предал Исус Христос, се верува дека бил 13-ти гостин на последната вечера, па дури и денес се смета дека не е добро да бидете тринаесетти гостин на масата. На Запад, некои одат и толку далеку што на местото на бројот 13 ставаат кукла или плишано мече за да се разбие лошата карма на најнесреќниот број.

Меѓутоа, бројот 13 се доживувал како несреќен и пред Исус Христос. Имено, историскиот број 12 се смета како потполн, односно означувал совршенство, додека бројот 13 го реметел природниот склад. Постојат 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 знаци од зодијакот.

Празноверието во врска со бројот 13 е многу распространето и денес, па така во некои хотели не постои соба со тој број, многу високи згради „немаат“ 13. спрат, туку се прескокнува од 12-ти директно на 14-ти, а во некои авио компании решиле да ја исфрлат плочката со несреќниот број од редот каде што требала да стои.

Други веруваат дека сѐ потекнува од времето кога Филип IV од Франција во октомври 1307, на петок 13. уапсил стотина темплари. Во приказната „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун ја спомнува егзекуцијата на темпларот Жак де Молај на петок 13. Тој наводно го проколнал папата и кралот на Франција. Можеби и романот Томас Лосон од 1907. „Петок, тринаесетти“ одиграл значајна улога во ширењето на суеверието. Во романот, бескруполозниот берзански брокер го користи суеверието за да креира паника на Вол Стрит на петок 13.

Уште едно верување е дека паниката околу наведениот ден се создала 1927. година кога се случил вториот најголем крах на берзата. Деловните неуспеси и банкроти ги поттикнале очајните брокери да се фрлаат низ прозорите од зградите на Вол Стрит. Денот е запамтен како „црн петок“, а скептичноста се проширила и на остатокот на светот, првенствено во Европа каде што петок 13. набргу станал синоним за несреќа.

Овој ден и денес предизвикува страв кај многу луѓе, па поради тоа голем дел од нив избегнуваат важни обврски тој ден.

Бројот на продадени недвижности е во пад во текот на петок 13. Истражувањата покажале дека помеѓу 2005. и 2012. се случиле 43% помалку трансакции на петок 13. во односот на било кој друг петок. Најлош ден за продажба на недвижности, според ова истражување бил петок 13. во мај 2011. година, кога продажбата на недвижности опаднала дури за 51%. Агентите за недвижности тврдат дека куќите со број 13 не се толку чести.

Исто така, една американска агенција за венчавки нуди 13% попуст за оние парови кои ќе одлучат да се венчаат на петок 13.

На вас останува дали ќе изберете да останете во својот кревет и да го избегнете потенцијалниот баксуз кој може да ви се случи или да го игнорирате ова суеверие.




Коментари

[fbcomments]