Категории

Зошто секој ден треба да пиете чаша солена вода?

Некој кој е навикнат да пие кафе штом ги отвори очите, веројатно ќе биде згрозен од идејата денот да го започне со солена вода на празен желудник.

Меѓутоа, верувале или не, солената вода може да ви донесе голема корист.

Позитивните јони на солта се врзуваат за негативните јони на водата и со тоа водата не е само обична вода и солта не е само обична сол.

Комбинацијата е мевлем за вашето тело:

Детоксикација

Минералите во морската сол го поттикнуваат излачувањето и чистењето на токсините. Покрај тоа има антибактериско дејство кое помага да се исфрлат бактериите од цревата.


Хидратација

Кај некои организмот послабо им ја апсорбира водата, па со пиењето на големи количини солена вода го спречувате таложењето и задржувањето на непосакуваните места. Солената вода овозможува подеднакво хидрирање на сите клетки во телото.


Варење

Солта помага во устата да се активираат жлездите за плунка, ослободувајќи ензими кои скробот и гликогенот ги претвораат во едноставни шеќери. Тие понатаму овозможуваат олеснето варење.


Сон

Лицата кои патат од несоница и други пореметувања во сонот, со солената вода може да се ослободат од нив. Природните минерали го смируваат нервниот систем и го намалуваат нивото на кортизол, кој предизвикува будност и напнатост.


Здрави коски

Солената вода може да ги надополни изгубените минерали од коските, со што се спречува нивното прерано слабеење или заболување со болести како на пример остеопороза.


Кожа

Со редовно пиење на солена вода, на кожата и помагате да остане здрава, сјајна и еластична. Минералите буквално се внатрешен пилинг кој ослободува од акните, црвенилото, алергиите и егземите.

Прегледи:
452
Објавено на:
02.04.2016