Зошто слободните жени сакаат зафатени мажи?

Тајно или јавно, слободните жени сепак, сакаат да бидат со оженети мажи. Со оваа тема се занимавале стручњаци кои тврдат дека оженетите мажи го имаат „она нешто“ што ги прави попривлечни од слободните.

Подготвени се за сериозна врска

Слободните жени, кои се во потрага по сериозна врска, наишле на многу несериозни мажи за една ноќ, а оженетите мажи делуваат попривлечно токму поради фактот што се подготвени да се врзат за една жена до крајот на животот.

Прифаќаат одговорност

Иако бракот не подразбира нужно и одговорност, статистиката е на страна на мажите кои го изрекле судбоносното да. Бројните истражувања потврдиле дека повеќето оженети мажи работат и се многу одговорни кога станува збор за семејството. Иако тоа не е секогаш случај, оваа особина за жените е многу привлечна.

Не се плашат да ги покажат емоциите

Не е лесно да пронајдете маж кој ќе биде толку искрен и отворен и кому нема да му претставува проблем да ги покаже емоциите. Но, жените честопати имаат впечаток дека луѓето во бракот едни пред други не кријат ништо, па ни своите емоции, па затоа оженетите мажи особено ги привлекуваат.




Коментари

коментари