Категории

Зошто спиењето со вашето куче е добро за вас

Предупредувањето да не му дозволуваме на нешто куче да спие во нашиот кревет затоа што е валкано и може да донесе паразити во душекот на сите им е добро познато.  Но што ако всушност не е така? Постојат многу докази кои зборуваат дека кучето допринесува во добриот сон, и вашето куче не би морало да спие само, што е одлично и за двајцата!

Еве зошто е добро вашето куче да спие заедно со вас:

Ве смирува
Дали поради топлината на телото или неговото ритмичко дишење, постои нешто утешувачко кога вашето куче е покрај вас, тоа донесува дополнителен мир во вашиот кревет.

Ја спречува несоницата
Нивното присуство ви овозможува мирен сон, и ви дава чувство на сигурност. Кучињата ги елиминираат нештата кои прават да не можете да спиете на ноќе.

Го ублажува стресот и анксиозноста
Како што е демонстрирано во терапијата, присуството на куче ослободува од стрес. Позитивната состојба на кучињата е заразна, а нивната весела природа може да биде многу охрабрувачка.

Добиваме греење
Нивните топли тела и нивната склоност да бидат блиски пријатели на човекот можат да ви внесат дополнителна топлина во креветот, како радијатор. Иако ова може да биде комплицирано во текот на летото, во зима е одлично да се има покрај себе ваква природна топлина.

Побагаат во борбата против депресијата
Единствено нешто кое кучињата без сомнеж можат да го понудат е безусловна љубов. За некој кој се бори со депресија, овој тип на врска би можел да биде од огромна помош.

Прават да се чувствувате безбедно
Нивната особина на чувствуваат и нивната склоност да лаат на странци се фактори кои допринесуваат да се чувствувате сигурно.

Тоа е исто така добро за вашето куче
Не постои ништо на светот што кучето повеќе го сака отколку тоа да поминува време со вас. Тоа го прави исклучително среќно.

Прегледи:
540
Објавено на:
15.02.2020