Категории

Зошто „сувото“ потстрижување е најдобро за вашата коса?

Грешите доколку мислите дека косата може да се потстрижува само кога е мокра. Имено, техниката „суво“ потстрижување е нов тренд на кратење на косата, а нејзината најголема предност е тоа што веднаш можете да ја видите должината и обликот на новата фризура, без да чекате косата да ви се исуши.

Исто така, овој вид на шишање е особено погоден за некои типови на коса, а ова се и другите негови предности:

Брзина во шишањето

Кога се потстрижува косата на суво, целиот процес трае многу пократко во спредба со класичното кратење на мокра коса. Нема сушење на косата и фенирање – туку веднаш по завршувањето на шишањето сте готови.

Здрава коса

Сувото потстрижување не е толку агресивно за косата. Познато е дека мократа коса е склона кон кршење додека се третира со ножици и чешел.

Можност за креативни фризури

Повеќето фризери, во училиште или на курсевите, учат да шишаат на мокра коса. Меѓутоа, кога еднаш ќе им дозволите да ви ја потстрижат косата на суво, ќе видите колку можат да бидат креативни и да создадат оригинална фризура.

Без изненадувања

Кога е сува косата, клиентот и фризерот можат заедно точно да одредат колку треба да се скрати косата, па на тој начин на крај нема непријатни изненадувања поради прекратка коса.

Решение за витканата коса

Доколку имате брановидна или виткана коса, овој вид на шишање е идеален за вас. Имено, кога ќе се намокри витканата коса, таа автоматски станува подолга и тешко е да одредите колку треба да се скрати. Меѓутоа, доколку ја шишате на суво, нема да доживеете вакви изненадувања.

Прегледи:
540
Објавено на:
18.04.2018