Зошто ТОЈ не ве повикува на втор состанок – Можеби поради некоја од овие причини

Ви пишува и ви се јавува, но втор состанок ни на повидок?

Машко-женските односи отсекогаш биле енигма, но понекогаш некое однесување има свои оправдувања. Кога е во прашање посилниот пол, односно зошто мажот не ве вика на втор состанок а продолжува да комуницира со вас, постојат одредени причини а еве кои се тие.

Некое време сака да одмори
Да, знаеме дека најчесто така пауза земаат оние кои не знаат директно да кажат дека не сакаат повеќе да се гледаат со некој. Но, бидејќи тие се оние кои ја започнале, причините можат да бидат повеќе. Можеби сака да направи некое изненадување за вториот состанок но сеуште не знае како да испланира нешто посебно, или можеби сака добро да размисли пред да го направи следниот чекор.

Премногу е зависен од друштвените мрежи
Психолозите кажуваат дека ова е проблемот на новата генерација – можноста да стекнува нови познанства на друштвените мрежи. Редовното онлајн флертување може да доведе до стекнување на чувство дека може да пронајде друг потенцијален партнер па не сака премногу да брза со нештата.
Таквиот „зависник“ можете да го препознаете уште на првиот состанок – најверојатно нема да го испушти својот телефон од рака, или ќе разговара за тоа како имал претходни состаноци со девојки кои ги запознал на некоја од апликациите.

Се плаши дека не ви се допаднал
Мажот може да прифати доброволно да влезе во „френд-зоната“ ако се сомнева дека девојката нема да сака повторно да прифати романтичен состанок. Во таков случај комуникацијата без повик за состанок, но со позиви и пораки за него е начин да го почека вистинскиот миг.

Тој е работохолил
Човек кој немал сериозна врска веќе некое време често се насочува во градење на кариерата што ги планира сите обврски за сите наредни недели. Ако се најде во таква ситуација, морате да се „наоружате“ со трпение и да чекате миг кога тој ќе биде слободен да ви закаже нареден состанок.

Премногу е срамежлив
Неизвесноста во чувствата и реакциите исто така можат да бидат предизвикани од фактот дека вашиот потенцијален партнер пати од прекумерна срамежливост. Да, понекогаш оваа „болест“ ги погодува и мажите кои однадвор изгледаат самоуверено поради ведриот изглед и вртоглавата кариера. Плашејќи се од одбивање тој купува време, истовремено обидувајќи се да открие што вие чувствувате за него.




Коментари

[fbcomments]