Зошто треба да бидете дел од Отворениот ден за спорт?

Да креираме заедно поубаво општество и здрава иднина за сите е идејата зад Европската недела на спортот и причината поради која треба и ти да бидеш дел од Отворениот ден за спорт. 

Европската недела на спортот насловена како #BeActive ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Преку Европската недела, спортот и физичката активност ќе претставуваат национален проект, со што доделувањето на кофинансирање од Европската Комисија во Програмата ќе придонесат за развој на спортот. Со воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

Во текот на неделата посветена на спортот, ќе се случуваат многу настани, а за поголема вклученост на сите граѓани се организира Отворен ден за спорт како приактивност на главните настани. Организаторите ги канат граѓаните заедно да спортувааат и да се дружат, бидејќи спортувањето зближува, не прави здрави и среќни. Затоа бидете дел од активностите кои ќе се оддржат од 22 до 29 август во комплескс Мондано Спорт, кој е во склоп на гимназијата Јосип Броз Тито.

Деновите кои ќе се оддржат активностите се по следниот распоред:
-22.08 & 24.08 – фудбал
-23.08 & 25.08 – кошарка
-26.08 & 28.08 – тенис
-27.08 & 29.08 – пинг- понг

Повеќе за настанот можете да дознаете на овој линк, а ние само ќе ви порачаме без размислување да бидете и вие дел кампањата #BeActive. и со здрави навики да придонесеме за создавање на среќно општество!




Коментари

коментари