Зошто треба да го погледнете „Паразит“: Филмот кој ја користи архитектурата за да им се обрати на сите

Јужнокорејскиот „Паразит“ синоќа влезе во историјата на доделувањето на Оскарите, освојувајќи 4 главни награди – за најдобро оригинално сценарио, режија, странски филм и најдобар филм на годината, што е рекорден успех за филм кој не е од англиското јазично подрачје. 

„Немам зборови. Никогаш не можевме ниту да замислиме дека ова ќе се случи. Пресреќни сме. Чувствувам дека ова е многу важен момент во историјата. Најискрено им се заблагодарувам на сите членови на Академијата кои ја донесоа оваа одлука“, изјавија продуцентките, особено заблагодарувајќи му се на режисерот.

Борбата помеѓу „Џокер“ и „Паразит“ беше очигледна уште на самиот почеток. На свој начин двата филмови се занимаваат со драстичната поделба на богати и сиромашни. Во „Паразит“ семејството Ким живее во подрум каде што влегува целата улична нечистотија преку отпадната вода, додека Паркови на другиот крај од градот уживаат во модерниот луксуз. Бедниот стан на Артур Флек наспроти импозантната вила на семејството Вејн е илустрација на таа појава во „Џокер“.

Поделбата не е само социјална, туку и обоена е со длабоки предрасуди. Во двата филмови повисоката класа доминира врз пониската, а во „Џокер“ дури и насилно ја гура од себе. Артур Флек кој работи како кловн и живее со пореметување, како да го предизвикува таквото однесување – тој е лесна мета, предмет за непочитување и потсмев, не само пред побогатите од себе, туку и меѓу еднаквите. Во двата филмови ликовите „пукаат“ ненадејно, кога не се свесни што сѐ можат да направат и кога многу бргу потоа ќе се покаат.




Коментари

[fbcomments]