Категории

Зошто треба да изберете кик бокс? 5 придобивки за кои ќе ви биде благодарен целиот организам!

Кик боксот помага при тонирање на целото тело, затегнување на рацете и нозете, мускулите на задникот, како и поттикнувањето на губењето на вишокот килограми и правилно обликување на фигурата.

Во последно време, луѓето сѐ повеќе посветуваат внимание на својот физички изглед. Спортот кој дава најдобри резултати е кик боксот. Овој спорт е многу популарен кај нас, како меѓу мажите, така и меѓу жените.

Кај нас, во најпознатиот кик бокс клуб КБК Работнички Адора, бројот на членови секојдневно се зголемува поради многубројните придобивки од тренинзите како за мажи така и за жени. Димитар Ѓорѓиев, кој изминатата година уште еднаш ја потврди својата класа и во меѓународни рамки освојувајќи ја шампионската титула на Европското првенство за сениори кое се одржува во Братислава, Словачка, воедно е и сопственикот на КБК Работнички Адора каде што покрај активностите во кик бокс за професионалци и рекреативци, имате можност да тренирате Функционален Фитнес и Burn it up. Тој своите вештини успешно ги пренесува на сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт професионално или рекреативно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on


Кик боксот е создаден од источните боречки вештини како што се карате, теквондо, кунг фу, но и бокс. Постојат повеќе техники од кои некои се фокусирани на борба, други на опуштање или кардио вежби, поради што ова е одличен тренинг за слабеење.

Одличен каридо тренинг за согорување калории

Кик боксот е за сите луѓе кои ги сакаат боречките спортови и кои сакаат акција. Тренинзите во КБК Работнички Адора се многу интензивни и секогаш различни, така што никогаш не е здодевно. Преку тренинзите се согоруваат голем број калории и му обезбедувате одличен кардио тренинг на вашето тело.

Учење техники за самоодбрана и создавање самодоверба

Она што е интересно е што овој спорт е одлично прифатен и кај жените. Тие се снаоѓаат подеднакво добро како и мажите. Причините поради кои жените сѐ почесто се одлучуваат за кик боксот е зголемувањето на силата и кондицијата, зголемувањето на самодовербата која се стекнува со напорната работа, како и самоодбраната како голем предуслов за создавање на сигурноста во себе и своите можности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on


Зацврстување на целото тело

Покрај сето ова, кик боксот помага и при тонирањето на целото тело, од затегнати раце и нозе, до мускулите на задникот, како и поттикнувањето на губење на вишокот килограми и правилно обликување на фигурата, а токму тоа е она по кое тежнеат жените. Она што е најважно е фактот што првите резултати се видливи по само две недели активно тренирање. Како доказ за тоа дека кик боксот е вистински избор за жените е една од најпознатите манекенки на денешницата, Адриана Лима.

Ослободување од стресот

Покрај многубројните физички придобивки, кик боксот е одличен за сите оние кои имаат акумулирано стрес во организмот поради секојдневниот начин на живот, па поради тоа, не постои подобар начин да се ослободите од стресот од вежбањето кик бокс.

Затоа, доколку сѐ уште не сте се одлучиле на кој начин да го подготвите своето тело за летото, а притоа да има најголем ефект вашиот напор, приклучете се на тимот на КБК Работнички Адора, а вашето тело набргу ќе ви се заблагодари за трудот кој ќе го вложите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on

Прегледи:
2145
Објавено на:
13.05.2019