Зошто треба да почнете да користите парфем за коса?

Ако и вие како многу девојки сте вљубени во својот парфем, сигурно сте паднале во искушение да го прснете и на вашата коса. Меѓутоа како што советуваат стручњаците, тоа не е препорачливо, затоа што присуството на алкохол во парфемите ја суши косата.

Она што тие го советуваат и што во пракса се покажало за доста делотворно се – парфемите за коса.
Парфемот за коса е производ кој е специјално создаден за да не ја оштетува нити суши вашата коса, а можете да го користите кога ќе посакате и во интензитет кој вам ви одговара.
Освен преубавиот мирис кој и го дава на вашата коса, и пружи и додатна нега така што ја прави здрава и сјајна.

Се препорачува парфемот за коса да се нанесува на околу 30 цм оддалеченост со цел честиците да се распоредат рамномерно по влакната.Исто така постои и друг начин на наесување на парфемот, а тоа е да се испрска на четка за коса и да се помине низ неа со лесни движења. На овој начин и обезбедува на косета свежина и соодветна нега.

Голем број парфеми за коса во себе содржат активни состојки кои ја заштитуваат косата од негативното УВ зрачење поради што сообено се препорачуваат во летниот период кога косата е најзагрозена. Исто така парфемите за коса се создадени за да ве ослободат од непријатниот мирис на храна, пот после вежбање и чад од цигари.




Коментари

[fbcomments]