Зошто треба навреме да си одиш од работа?

Сакај си ја работата, но никогаш не ја сакај компанијата, бидејќи никогаш не знаеш кога компанијата ќе престане да те сака тебе.

Секогаш заминувај од канцеларијата навреме

1. Работата е процес кој никогаш не завршува. Никогаш не може да биде завршен.

2. Интересот на клиентот е важен, но важно е и твоето семејство.

3. Ако некогаш во животот паднеш, ниту твојот шеф, ниту твојот клиент нема да ти подадат рака; тоа ќе го направат твоето семејство и твоите пријатели.

4. Животот не се врти околу работата, канцеларијата и клиентите. Постои многу повеќе од тоа. Потребно ти е време да се социјализираш, забавуваш, релаксираш и вежбаш. Не дозволувај твојот живот да биде безначаен.

5. Личноста која останува до доцна во канцеларијата не е личност која работи напорно. Тоа е будала која не знае како да управува и да ја организира работата во одредено време. Оваа личност е неефикасна и некомпетентна за својата работа.

6. Не учеше напорно и не се бореше во животот за да станеш машина.

7. Ако твојот шеф те тера да работиш до доцна тогаш тој/таа може да е неефикасна и може да има безначаен живот, па затоа сподели го ова со него/неа.

Заклучок:

Навремено заминувате од работа

– Вие сте ефикасни

– Имате добар социјален живот
– Имате квалитетен семеен живот

Останувате подоцна на работа

– Вие сте неефикасни

– Вие сте некомплетни
– Немате добар социјален живот
– Имате помалку време за семејството




Коментари

[fbcomments]