Категории

Зошто треба во есен да јадеме многу костени?

Костенот е богат со витамини и минерали кои нема да ги најдете во другите јаткасти плодови. По составот имаат најголема концентрација на скроб (преку 44%), по што е повеќе сличен со компирот и пченката отколку со некои други јаткасти плодови.

Го смирува телото – Костенот е богат со минерали, витаминот Б-комплекс, како и витамините А и Ц. Тие се задржуваат и при варење, бидејќи плодот го штити дебелата кора. Костенот содржи калиум, фосфор, калциум, магнезиум, хлор, бакар, железо и манган.

Големо количество на витаминот Ц – Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има понизок процент на масти, а повисок на скроб, дури двојно повеќе од компирот. Исто така, костенот е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Како и оревот и бадемот, костенот не содржи глутен.

Идеален за трудници – Костенот е необично богат со фолна киселина, која обично се наоѓа во зелениот зеленчук. Фолната киселина е неопходна за растењето на клетките, синтеза на ДНК и нормална функција на нервниот систем. Внесувањето на храна богата со фолна киселина ги зголемува шансите за зачнување, а во текот на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.

Чувар на срцето – Костенот е богат извор на моно-незаштитени масти, како олеинската и палмитинската киселина. Мононезаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат при снижувањето на нивото на холестеролот.