Категории

Зошто трепките отпаѓаат – На што треба да обрнете внимание

Векот на трепките е 120 дена, и додека една отпаѓа друга расте.

Но, кога ќе ги изгубите трепките само на едниот капак или видно се проретчат тоа може да укажува на сериозен здравствен проблем, а во некои случаи и тумор.

Докторот Дејан Рашич, хирург-офталмолог во Клиничкиот центар во Србија, вели дека проретчувањето на трепките и нивното отпаѓање е нормален процес кој го следи стареењето:

„Не е ретко кога човек ќе почне да ќелави, и трепките видно да му се проретчат. Тие можат со текот на стареењето и сосема да побелат. Додека тој процес се случува на двете очи истовремено, нема причина за плашење.

Во староста е нормално трепките да отпаѓаат и белеат, но е опасно кога тоа се случува само на едното око.“

Помош од лекар е неопходна кога трепките видно ќе почнат да отпаѓаат само од едното око.

„Оваа состојба во главно укажува на тумор на капакот, кој некогаш може и да се види, во смисла на неговиот изглед, а некогаш губењето на трепките е првиот симптом“, вели др. Рашич.

Блефаритисот е опасен, тоа е воспаление на ивицата на капакот.

Тој напоменува дека туморот на капакот е доста редок. Најчестата причина за губење на трепките е блефаритис, односно воспаление на ивицата на капакот.

„Не е мал бројот на оние кои страдаат хронично од блефаритис“, вели др. Рашич.

„Се работи за воспаление кое некогаш било поврзувано со бактериски инфекции, суви очи или генерално масна кожа. Хроничното воспаление доведува до поголемо губење на трепките или до нивно проретчување“.

Прегледи:
744
Објавено на:
13.12.2020