Категории

ЗОШТО ВАШИТЕ КОЛЕНА КРЦКААТ ДОДЕКА ВЕЖБАТЕ?

Сте почнале да вежбате, а колената ви крцкаат. Во повеќето случаи колената крцкаат и не болат, но тој звук знае да биде непријатен. Причината на крцкањето кое не е болно е синовијалната течност која е лубрикант на зглобовите.

20160706-zoshto-vashite-kolena-krckaat-dodeka-vezhbate-m

Кога се случува крцкањето, се истегнува зглобната чашка, се менува притисокот и се отпуштаат гасови како кислород, азот и јаглероден моноксид кој се наоѓаат во синовијалната течност. Се отпуштаат меурчиња гас и притисокот се изедначува, а тоа е звукот кој го слушаме како крцкање. Потребно е одредено време за да се вратат гасовите во синовијалната течност, поради тоа нема да можеме да слушнеме крцкање на истиот зглоб веднаш потоа, туку мора да се почека.

Не е нормално ако следува болка со крцкањето

Друга причина зошто колената испуштаат звуци е можеби бидејќи тетивите и лигаментите околу зглобот се враќаат на своето место откако полека се поместиле од својата позиција. Кај пешачењето се менува позицијата на тетивата па затоа при враќањето во првобитната положба предизвикува звук. Но не е нормално ако крцкањето на коленото при вежбање предизвикува болка. Некои луѓе при вежбање ги притиснуваат колената премногу нанапред и тоа на зглобот му предизвикува преголем притисок. Години од погрешно вежбање предизвикуваат ‘рскавицата да се истроши и да ја изгуби мекоста.

Направете проверка

Во полош случај ќе се потроши менискусот. Сепак е најдобро да се посоветувате со вашиот лекар. Можеби тој ќе ве посоветува да ги одбегнувате вежбите неколку недели за да се смири течноста. Кога ќе се вратите на вежбањето, проверете во која форма сте со клечење гледајќи кон ѕидот. Застанете кон ѕидот, а прстите од стапалата нека го допираат ѕидот. Потоа клекнете. Ако колената го допираат ѕидот, пробајте повторно, колковите држете ги малку настрана, а потколениците вертикално. Така ќе научите да вежбате на правилен начин.

Прегледи:
322
Објавено на:
06.07.2016