Категории

Зошто во секоја врска е потребен личен простор?

Во секоја врска треба да постои балансиран однос каде што секој од партнерите ќе има личен простор за да си посвети време на самиот себе. Откако врската ќе ја помине почетната фаза на “меден месец”, а тоа се првите недели и месеци кога сѐ што сакате е да поминувате време заедно со партнерот, доаѓате до фаза каде што целото внимание, проверки и поминувањето време насамо, почнува да ве гуши.

Но, не се грижете, вашата врска не е проколната! Само се наоѓате во фаза каде што повторно ви треба и простор само за себе. Експертите кои се занимаваат со оваа проблематика се тука да ви објаснат колку е важен личниот простор во секоја врска.

Поминување на одредено време без вашиот партнер, не значи дека повеќе не сте заљубени или пак дека тој не е вистинскиот за вас. Напротив, тоа значи дека ви треба време за самите себе и за активности кои се само за вас – одлуки со кои ќе се чувствувате одлично и исполнето, а воедно ќе ви помогнат уште повеќе да се посветите на врската. Вие и вашиот партнер можеби сте сродни души, но сепак не сте една личност. Вие сте индивидуи со различни интереси, соништа и цели и со давањето личен простор еден на друг, ќе си овозможите да ги достигнете тие потреби. Меѓу другото, давањето личен простор може да ви даде подобра перспектива за вашата врска. Доколку имате конфликт или пак планирате заедничка иднина, одвојувањето време сами за себе ќе ви помогне критично да ја согледате реалноста.

Личен простор подразбира и тивка, топла бања по долг, напорен ден, како и викенд со вашите пријатели, така што не се плашете да побарате време само за себе, но исто така не заборавајте да му овозможите и на партнерот време само за него.

Прегледи:
145
Објавено на:
20.06.2017