Категории

Зошто жените глумат оргазам?

За да се чувствувате како добар љубовник, најголемиот приоритет за повеќето, особено за мажите е способноста да ја доведе жената до оргазам. Ова е тесно поврзано и со машкоста, а поради тоа честопати жените се решаваат да одглумат оргазам.

На едно спроведено истражување, 80% од жените признале дека глумат оргазам барем половина од времето. Овие жени исто така објасниле зошто го прават тоа. Некои од причините се следните: Не можат да се опуштат, не им се допаѓа мажот со кој имаат секс, многу им се допаѓа мажот со кој имаат секс, сексот бил лош, сексот бил одличен, но сепак мажот не ги направил потребните работи кои би предизвикале оргазам, замор, таа не сака мажот да помисли дека не е способна за постигне оргазам.

Но, сите тие се сложиле за една причина: Глумењето оргазам се случува бидејќи, жените имаат потреба да ве натераат да мислите дека постигнала оргазам поради вас. Ова е директно поврзано со разликата помеѓу машкиот и женскиот оргазам – фактот дека мажите го постигнуваат многу полесно од жените.

Прегледи:
289
Објавено на:
06.03.2018