Категории

Зошто жените изгледаат подобро после раскинувањето?

Мажите патат во тишина што се одразува на нивната психа, но и изглед.

Раскинувањето е секако еден од најболните мигови во животот на човекот. Исто така, прекинувањето на односите особено ако траеле со години, двете страни излегуваат повредени без оглед на тој кој одлучил за крај. Сепак, неретко сме сведоци дека дамите се разубавуваат после раскинувањетона врската додека тоа за мажите не е случај.

Како што велат стручњаците, мажите многу потешко го поднесуваат раскинувањето со партнерката додека жените полесно се соочуваат со ситуацијата. И што е уште поинтересно, после емотивниот бродолом жените прават се тоа да не се види на нив. Па, не е реткост да почнат да посетуваат теретана или пилатес, да променат фризура и боја на коса како и да внесат некои нвоости во својот стил на облекување. На овој начин, тие навестуваат нов почеток – истакнуваат стручњаците.

Сетоа тоа што го прават влијае на самодовербата па тоа го перцепираат и другите луѓе. Затоа девојките блескаат кога повеќе немаат дечко.
За разлика од нив, момците страдаат во тишна, што се одразува на нивното психичко здравје а со самото тоа и на физичкиот изглед.

„Мажите не ги споделуваат своите емоции со другите, најчесто ги потиснуваат во себе и се претвараат дека се е во ред. Често себеси се затрупуваат со обврски за да не мислат на бившата девојка или наоѓаат утеха во алкохолот и другите жени. Уморот, исцрпеноста и непроспиените ноќи оставаат траги“ – објаснува Трејси Кок, британска сексуална терапевтка.

Прегледи:
98
Објавено на:
01.12.2020