Категории

Зошто жените сакаат недостижни мажи?

За да остварат успех во врската, некои сметаат дека треба да се трудат да бидат таинствени за да го зголемат интересот на нивниот партнер за нив

На жените им се попривлечни мажите во чии чувства не се сигурни, отколку оние кои ги сокриваат своите емоции, покажа истражувањето извршено на универзитетот Харвард.

Дамите добија задача да прегледаат 20 профили на мажи на социјалните мрежи а резултатите зборуваат дека им биле поинтересни оние мажи кои изгледале мистериозно и „недостижно“.
Односно, оние кои не покажувале интерес за нив.

За подоцна да остварат успех во врската, луѓето треба да се трудат да бидат таинствени за да го зголемат интересот кај партнерот за нив, советуваат стручњаците. Психолозите тврдат дека луѓето во одбирањето на партнер се водат според животинските инстинкти по кои емотивноста е „лесен плен“, а чувството дека некој е недостижен претставува предизвик кој поттикнува освојување.