ЗСФ КОМ со своја понуда на меѓународниот саем за градежништво RealExpo кој се одржува во СЦ Борис Трајковски од 24 до 27 октомври

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство, а работното време е секој ден од 10 до 19 часот.

 

Компанијата ЗСФ КОМ, во своето долгогодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото.

ЗСФ КОМ е тим составен од професионални, вработени лица кои се стручни лица од повеќе области. Во процесот на реализација на проектите, тековно координира и менаџира високо специјализирани подизведувачи кои се долгогодишни соработници.

ЗСФ КОМ тежнее кон постојано проширување на своите активности и сопствени инвестиции и е во фаза на истражување и развој (со цел започнување на преговори во однос на воспоставување стратегии за партнерство) во следните области:

  • Термо енергетска изолација за максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија
  • Градба на еко-објекти

 

ЗСФ КОМ ДООЕЛ секогаш во чекор со иновациите, новите технологии и најновите достигнувања во областа на архитектурата, градежништвото, внатрешниот дизајн и меѓународната размена. Задоволството е големо да се посетуваат значајните настани во овие области. Тука сме за Вас, како и до денес така и во иднина да ги примениме сите нови материјали и градежни иновации во процесот на современо дизајнирање и квалитетна изведба на нашите објекти.

ЗСФ КОМ во своето долгогодишно работно искуство, успешно има инвестирано во изведба на станбени објекти и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на стандардите во нашиот пазар.

СИГУРНОСТ

Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи ние им даваме сигурност за брзината на градбата, исполнувањето на роковите и гаранции за вградените материјали.

КВАЛИТЕТ

Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да се постигне врвен квалитет при градењето.

ЗСФ КОМ ДООЕЛ има воспоставени добри деловни односи со повеќето банки, со што им се овозможува на клиентите флексибилност во процесот на хипотекарни кредити/станбени кредити. Во долгогодишната соработка со банките сме создале сигурност и доверливост кон нашите клинети

 

Можете да ги контактирате на телефонскиот број+ 389 (0)2 263 2666, а се наоѓаат на бул. “Партизански Одреди” бр. 106
Скопје. Повеќе информации можете да најдете на нивниот веб сајт.

 




Коментари

[fbcomments]