Категории

Ѕвер-питон со должина од 5,7 метри фатен на Флорида

Питон тежок 104 килограми и долг 5,7 метри беше извлечен од мочуриште во Флорида, правејќи го најголемиот примерок на овој вид змија некогаш откриен на ова подрачје.

Ловците на змии Рајан Аусбурн и Кевин Павлидис влегоа во трага на бурмански питон со должина од неверојатни 5,7 метри, поставувајќи нов рекорд во Флорида во однос на претходниот кој го постави змија која беше пократка само за неколку центиметри.

Членовите на организацијата „Florida Fish and Python Action Team“ пронајдоа женка-змија како се провлекува низ мочуриштето во регијата Еверглејдс и ја забележаа на 2 октомври пред полноќ.
Напорот змијата да се извлече од водата со длабочина до појасот, како што и самите изјавија „ја извлекла секоја ронка енергија“ од нив.

„Никогаш никаде во близина не сум видела змија со олкава величина и рацете ми се тресеа додека и се приближував“, напиша Павлидис на Facebook.
„Секој питон кој го ловиме може да биде потенцијално опасен, но еден со ваква величина? – Смртоносен. Една грешка и сугурно ќе завршам на болница“.

„Но што е уште поважно, ваква змија се гледа еднаш во животот. Би можел до крајот на животот да изглегувам секоја ноќ и никогаш нема да видам волку голема“, вели стручњакот за змии, кој тврди дека за само две години видел повеќе од 400 змии. Меѓутоа, ништо не би се приближило на „ѕверката“ од 104 килограми која ја пронајдоа минатата седмица.

Змијата била делимично над водата кога Павлидис и Аусбурн и се доближале. Аусбурн вели дека знае дека таа е голема, но вистинската величиња ја виделе кога и се доближиле.

Змијата е официјално измерена за евиденција на рекорд на 8 октомври и е потврдено дека е најголемиот примерок некогаш виден на тоа подрачје.

Прегледи:
884
Објавено на:
16.10.2020