Категории

Звучи многу вкусно: Пилешки ролни со печурки и сланина

Се мислите што да приготвите за ручек? Ние ви предлагаме одлични вкусни ролни со пилешко месо, печурки и сланина, кои може да ги комбинирате со компир и салата.

Потребни состојки:

  • путер
  • 1 црвен кромид
  • 250гр печурки
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка мелен црн бибер
  • 500гр бело пилешко месо
  • 2 шолји пармезан
  • 24 парчиња тенко сечена сланина
  • 12 парчиња тенко сечена шунка

Начин на подготовка:

– Загрејте ја рерната на 190°С.

– Загрејте го путерот во тава и испржете го ситно исечканиот кромид со печурките. Зачинете со сол и црн бибер и пржете околу 5 минути.

– Исчукајте ги парчињата месо и ставете ја шунката, три лажици од печурките и потоа малку пармезан.

– Завиткајте ги ролните со помош на две парчиња сланина. Зацврстете ги со чачкалици и печете околу 35 минути.

Пријатен апетит!

Прегледи:
479
Објавено на:
16.05.2016