Категории

1 година преку 262 800 фотографии – Неверојатен видик од плажата Куба либре во Охрид

За прв пат во Македонија, фотограф успеа да направи неверојатен видео тајмлапс склопувајќи 262 800 фотографии во времетраење од 1 година, започнувајќи од 1 јануари 2020 се до 1 јануари 2021.

Во видеото е опфатен прекрасниот видик кон Охрид, Струга и Јабланица од плажата Куба Либре кое ги опфаќа сите годишни времиња и периоди од денот. На ова видео се работело од почетокот на 1 јануари па се до сега, истакна Стојан.

Ова видео има над 500 000 прегледи што придонесува во развојот на туризмот и е дополнителна причина да се посети прекрасниот Охрид и нашето охридско езеро.

Моментално се работи и на други камери ко се наоѓаат на различни локации низ Македонија. Овој проект е доста комплексен затоа што вклучува разновидна опрема.

„Со заеднички сили работиме и на сервисот Ски Македонија што претставува од големо значење за сите љубители на планините и алтернативниот туризам особено во време на пандемија и тоа им овозможува на сите да уживаат во убавините на нашата земја во живо.“

Во моментот функционираат 11 камери на повеќе планински точки, кои наскро ќе бидат трансферирани во видеа во живо како што беше случај со камерата на Копанки во Битола.

Прегледи:
604
Објавено на:
29.01.2021