Љубовта кон тортите и колачите ја наследил од неговиот дедо, кој го научил сѐ во врска со рецептите, триковите и снаоѓањето во кујна.
Хоакин Нахуел иако има само 10 години, веќе има големи планови за иднината. Ова преслатко момче од Аргентина обожава да изработува слатки. Иако сѐ уште не може да биде професионален слаткар, започнал да ги продава своите дела. Неверојатни торти кои ги пече во својот дом.
Неговата приказна е посебна, а во продолжение прочитајте зошто!
View this post on Instagram
Кога имал седум години, додека си играл со својот брат Фабрицио, доживеал трагедија. Момчињата истуриле алкохол на скара, а потоа огнот ги зафатил двајцата. Преживеале, но се здобиле со опекотини по целото тело. Хоакин поминал полошо и има опекотини на 25% од телото, па неговата најголема желба е да оди на реконструкција на лицето за која му се потребни околу 2.000 евра.
View this post on Instagram
Љубовта кон тортите и колачите ја наследил од својот дедо кој го научил сѐ во врска со рецептите, триковите и снаоѓањето во кујна. Досега научил да изработува крофни, колачи, мафини, а знае и совршено да ги краси тортите. Сето тоа го споделува на својот Инстаграм профил каде што го пратат речиси половина милион луѓе.
View this post on Instagram
За жал, ова момче доживеало и онлајн злоставување па некое време се повлекол од Инстаграм, но по долго размислување решил да продолжи да споделува.
View this post on Instagram
„Одлучив да повлечам од социјалните мрежи, но по долго размислување решив да продолжам да го правам она што го сакам. Нема да допуштам било кој да го запре мојот сон, ќе продолжам да се трудам да ја остварам својата цел. Продолжете да се борите за она што го сакате, не дозволувајте никој да ве спречи во тоа“, порачал тој.