Категории

10 инспиративни цитати од познати личности: Градете ги своите соништа или некој друг ќе ве вработи да ги изградите неговите

Во животот може да не инспирираат најразлични нешта, луѓе и настани, а ние ви претставуваме 10 инспиративни цитати:

1. Не се борете да постигнете успех, туку она што го правите да биде вредно. – Алберт Ајнштајн

2. Најтешко е да се одлучиш на делување, а сѐ останато е во залагањето. – Амелија Ерхарт

3. Промашив повеќе од 9.000 фрлања во својата кариера. Изгубив речиси 300 натпревари. Ми беше доверено одлучувачкото фрлање во натпреварот и го промашив. Бев повторно и повторно неуспешен во животот. И затоа на крај успеав. – Мајкл Џордан

4. Дваесет години од сега ќе бидете разочарани со нештата кои не сте ги направиле, отколку со оние кои сте ги направиле, затоа подигнете го сидрото, отпловете од мирното место, фатете го поволниот ветар. Истражувајте, сонувајте, откривајте. – Марк Твен

5. Секое дете е уметник. Проблемот е во тоа како да останеме уметници кога ќе пораснеме. Пабло Пикасо

6. Никогаш нема да го препловите океанот, ако се олашите да го изгубите брегот од вид. – Кристофер Колумбо

7. Лесно ќе го разбереме детето кое се плаши од темницата, страшно е кога зрел човек се плаши од светлината.- Платон

8. Сѐ на овој свет има своја убавина, но не е секој во состојба да ја види. – Конфучие

9. Запомнете дека никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша дозвола. – Елеонор Рузвелт

10. Градете ги своите соништа или некој друг ќе ве вработи да ги изградите неговите. – Фара Греј