Категории

10 интересни факти за волците кои досега не сте ги знаеле!

Волкот (Canis Lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

1. Очите на волкот се сини се до осум месеци кога се менуваат во жолти.

2. Волците се митарат. Тоа се случува кога температурата е топла и немаат потреба од дебело крзно (а, од таму е дојдена и поговорката волкот го менува своетo крзно, но не и навиката).

3. Гладен волк може да изеде до 9 кг месо во еден оброк.

4. Волците живеат, патуваат и ловат во глутница- просечно околу 7-8 волци.

5. Мажјакот и женката се заедно цел живот.

6. Со стареењето на волкот, крзното на врвот на опашката, челото и носот станува бело.

7. Тие се одлични пливачи.

8. Волците можат да достигнат брзина од 56км/час за краток период. Инаку просечно се движат со брзина од 8 км/час.

9. Возрасен волк има 42 заби.

10. Може да преживеат подолго од една недела без храна.

Прегледи:
4595
Објавено на:
28.01.2019