Категории

10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат

6. Сакате да се потсетите на вашите поранешни активност на Фејсбук

Фејсбук има опција која овозможува да видите сè што некогаш ви се допаднало, како и сè што сте коментирале или објавувале. Само одете на вашиот профил и кликнете „Дневник на активности“.

7-10-neverojatno-korisni-opcii-na-fejsbuk-koi-verojatno-ne-gi-koristite-

7. Сакате да бидете на местото на вашите пријатели

Ако сакате да дознаете како луѓето кои не ви се пријатели го гледаат вашиот профил, кликнете на икончето со три точки на вашиот профил и одберете „Приказ за…“ Ова ќе ви даде одлична можност да го видите вашиот профил низ очите на луѓето кои не ги познавате.

8-10-neverojatno-korisni-opcii-na-fejsbuk-koi-verojatno-ne-gi-koristite

8. Сакате да комуницирате очи во очи

Благодарение на Фејсбук не мора да комуницирате само преку текстуални пораки, туку можете да го сторите тоа и преку видео. За да воспоставите видео повик, кликнете на икончето за камера во горниот син дел од прозорчето на разговорот. Сега можете и да се гледате со вашите пријатели.

9-10-neverojatno-korisni-opcii-na-fejsbuk-koi-verojatno-ne-gi-koristite-

9. Одберете ги објавите што сакате да ги видите

Двете опции „Види прво“ и „Блиски пријатели“ ви помагаат да бидете сигурни дека нема да ги пропуштите информациите кои ве интересираат. Опцијата „Види прво“ ги сместува објавите од луѓето што сте ги одбрале на прво место на вашата почетна страна, но не ви праќа известувања за новите објави како опцијата „Блиски пријатели“.

10-10-neverojatno-korisni-opcii-na-fejsbuk-koi-verojatno-ne-gi-koristite-

10. Зачувајте објава за подоцна

Фејсбук е преполн со информации и слободно може да го замени кој било весник. За оние што немаат многу слободно време, Фејсбук нуди опција која овозможува да зачувате интересни објави и линкови за да можете подоцна да ги прочитате. Кликнете на стрелката за надолу во горниот десен агол на објавата што ви се допаѓа и одберете „Зачувај ја објавата“ или „Зачувај ја врската“. Зачуваниот материјал може да го видите во делот „Зачувано“ кој се наоѓа на левата страна од вашата почетна страна.

1 2

Прегледи:
823
Објавено на:
19.04.2016