Природата е постојано во наша служба. Постојат многу лековити растенија кои успешно помагаат во борбата со бактериите, вирусите и габите. Иако антибиотиците во консултација со доктор се примарна терапија, сепак овие природни антибиотици можат многу да влијаат во таа борба и да го подобрат целокупното здравје.
Корен од ѓумбир
Ѓумбирот е зачин кој многу се користи во кујните ширум светот. Тој има свое место и во фармацевтската индустрија. Може да се конзумира во многу облици, како што се екстрактот, масло, пилули, тинктури и пастили.
Одличен е во борбата против инфекциите и воспаленијата, ги намалува симптомите на мачнина и болката.
Црн и бел лук
И црниот и белиот лук имаат силни антибактериски и антибиотски својства. Според фармаколошките податоци, во времето кога не била развиена фармакологијата чешне лук ја претставувало целата фармацевтска индустрија токму заради широкиот спектар на дејство.
Кокосово масло
Кокосовото масло често се користи како природен антибиотик и може да помогне во лекувањето на кашлица, кандида, брадавици и воспаленија. Кокосовото масло има силни антимикробни дејства што го прави одличен лек.
Мед
Широко познат како природен антибиотик, медот исто така е одличен за третирање и на многу други состојби. Содржи водород пероксид и е доволно силен да елиминира повеќе од 60 видови на бактерии, а истовремене помага во заздравување на раните.
Јаболков оцет
Силните антиинфламаторни својства кои ги има го актуелизираат јаболковиот оцет последните години. Помага во третирање на проблеми со кожата, но и при гихт и артритис. Исто така тој е и одличен пробиотик.
Ехинацеа
Цветот на ехинацеата е прекрасен и природен антибиотик, а меѓу најдобрите во третманот на настинките. Користејќи го овој цвет во медицински цели можете да ги намалите симптомите на настинка за дури 50%. Освен при настинка, Ехинацеата помага и во лекување на инфекции на увото и синусите, а исто така и при поленска грозница и атлетско стапало.
Екстракт од семки од грејпфрут
Екстрактот од семки од грејпфрут се користи како природен лек за лекување на инфекции на гастроинтестиналниот тракт. Освен антибактериски својства, тој стимулира циркулација, намалува болка во зглобовите и ја штити кожата од УВ зраците.
Каранфилче
Каранфилчето е особено важно заради своите антибактериски својства. Често се користи за зачувување на оралното здравје, но каранфилчето има улога и во елиминирање на бактериите и воспаленијата на забите.
Според една студија, комбинацијата на каранфилче со малку босилек и чај од камилица е силен и природен антибиотик кој го подобрува целокупното здравје.
Масло од оригано
Маслото од оригано е богато со моќни антивирусни, анти-инфламаторни и антифунгални својства. Кога се користи како природен антибиотик, оригановото масло може да спречи и настинка и да ги елиминира инфекциите предизвикани од бактерии и паразити.
Мајчина душица
Мајчината душица се користи за искоренување на бактериите од телото. Мајчината душица претставува природен антисептик и антибиотик и може да помогне кај многу кожни болести, како што се егземите и акните.