Категории

10 нешта кои никогаш не смеете да си ги направите на себеси

Ернест Хемингвеј рекол „Нема ништо гордо во тоа да сте подобри од своите колеги, вистинската гордост треба да извира од фактот дека сте подобри од себеси во минатото.“

Многумина ќе се сложат со оваа изрека, а за да можеме постојано да напредуваме и да се надминуваме самите себеси потребно е да работиме на себе и секојдневно да се развиваме, а за да можеме да се развиваме, никогаш не смееме да дозволиме да си ги направиме овие нешта на себеси.

1.Да мислите дека вашите потреби се помалку важни
Помагањето на другите е важно, но заборавањето на сопствените потреби е болно и опасно. Вложувајте во односите со другите, но немојте да ја компромитирате сопствената среќа.

2.Дружење со погрешни луѓе
Чувајте се настрана од луѓе кои се негативни и нивниот негативен став ја расипува вашата среќа, немаат време за вас, не ја сфаќаат вашата вредност и ве напуштаат во текот на тешките времиња.

3.Да мислите дека парите можат да купат среќа
Ако сте сконцентрирани на материјалното и немате време за она што е вистински важно во животот, љубовта, насмевката, нема никогаш да сте вистински среќни.

4.Да се потсетувате на вашите грешки
Сите луѓе грешат, но успешни се оние кои се трудат да извлечат поука од грешките и да ги претворат во свои успеси.

5.Да очекувате некој да ве усреќи
Баш како што не можете да купите среќа, тешко е дека некој друг може да ве усреќи. Вниманието од некоја друга личност не може да ја пополни празнината во вас.

6.Да се грижите за нешта кои не можете да ги промените
Постои голема разлика помеѓу внимателноста и грижата. Правете планови, организирајте се, доведете го вашиот живот во ред, но немојте премногу да се грижите за тоа што може да тргне наопаку, затоа што тоа не зависи само од вас.

7.Да се плашите од љубов
Секоја личност која влегла во вашиот живот била со некоја цел, дури и онаа која ве повредила.

8.Да земате нешто „здраво за готово“
Научете да ги цените малите нешта во животот, за еден ден да сфатите колку тие мали ситници кои ви поминуваат незабележани се всушност многу важни.

9.Да го правите она кое опкружувањето го очекува од вас
Бидете она што сакате да бидете, а не она што вашето семејство или друштво сака да сте. Родени сте како оригинал и немојте да се претворите во копија.

10.Да се правите дека се е во ред
Сите имаме лоши денови, но треба да се трудиме да ги надминеме. Со игнорирањето на проблемите тие само се зголемуваат и натрупуваат и стануваат потешки за решавање.