Категории

10 причини зошто да му кажете ДА на кафето

Многу не има нас кафе-зависниците што задолжително го почнуваме денот со една шоља кафе. Освен префинетиот вкус на кафето, не сите се свесни за многуте негови благодети. Еве само неколку од нив.

  1. Ве исполнува со позитивна енергија

Кафето е широко познато за неговата способност да ве направи да се чувствувате помалку уморни и да го подигне вашето ниво на енергија. Причина за ова е содржаната супстанца кофеин, што всушност е најкористената психоактивна супстанца во светот. По неговото внесување, поминува низ крвотокот и го следи неговиот пат до мозокот. Таму, претставувајќи невроблокатор, го зголемува лачењето на добропознатиот среќен хормон допамин.

  1. Ја зголемува концентрацијата

Многу испитувања докажале дека кафето ја подобрува мозочната функција, од аспект на меморија, расположение, рефлекси и главни когнитивни функции.

  1. Учествува во борбата против целулитот

Дали сте знаеле дека Викторија Бекам го користи талогот од кафето како начин за отстранување на вишокот масни наслаги од нозете? Ова може да го направите и во домашни услови. Откако ќе завршите со пиење на вашето утринско кафе, го користите талогот и ги мачкате местата на вашето тело каде што има видлив целулит. Го превиткувате делот со најлонска фолија и го оставате така половина час.

  1. Помага во топење калории

Доколку не сте приметиле до сега, кафето го има во секој продукт од линијата на производи за слабеење и се докажал како најефикасен! Причина за тоа се неколкуте природни супстанци што се наоѓаат во самото кафе коишто го забрзуваат метаболизмот за 3-11%.

  1. Може да ве заштити од Алцхајмерова болест и дементија

 Алцхајмеровата болест и дементија можат да бидат избегнати со долготрајно пиење на кафе. Оваа болест вообичаено се појавува кај луѓето над возраст од 65 години.

  1. Го намалува ризикот од Паркинсонова болест

Како втора најчеста невродегенеративна болест, Паркинсоновата болест претставува страв помеѓу постарите генерации од причина што сеуште не е познат причинителост за оваа болест. Но многу инстражувања докажале дека кафето го намалува ризикот од заболување од оваа неповратна болест дури до 60% преку лачење на допамин.

  1. Го продолжува животот

Можеби поради среќните чувства што ги буди, а можеби поради благодетите што ги содржи, статистиките потврдуваат дека оние индивидуи што пиеле кафе имале подолг живот од оние што не консумирале.

  1. Учествува во борбата против депресија и буди среќни чувства

Претставувајќи чума на денешницата, депресијата покосува многу животи преметано со голем број статистики. Шокантни се резултатите произлезени од голем број истражувања дека околу 4,1% од населението во САД е откриена депресија во различни стадиуми. Според спроведено истражување од Ххарвард од 2011, жени што испиле 4 или повеќе чаши кафе имале 20% помал ризик да постанат депресивни. Според друго истражување со 208,424 испитаници, индивидуите што испиле 4 или повеќе чаши кафе на ден имале 53% помала шанса да извршат самоубиство поради среќните мисли што се буделе.

  1. Го зголемува притисокот

За оние коишто потешко се справуаат со низок притисок, кафето најчесто помага со тоа што говраќа во нормала на тој начин што се пумпа крв побрзо од предходно.

  1. Кафе-пијачите имаат помал ризик од заболување од некои типови на канцер

Кафето е докажано да биде доста заштитнички настроен кон два органи од човековото тело, итоа црниот дроб и дебелото црево. Ракот на црниот дроб е трета најчеста причина за смртност во светот, додека ракот на дебело црево е четврта. Едно истражување со 489,706 испитаници довело заклучок дека оние што испиле 4-5 чаши кафе на ден имале 15% помал ризик од заболување од рак на дебело црево, а дури 40% на црниот дроб.

Прегледи:
453
Објавено на:
29.08.2016