Категории

10 причини зошто Wiwibloggs ја сака Македонија на Евросонг

Wiwibloggs е веб-страна фокусирана на Евросонг. На јавноста им пружаат информации за европскиот фестивал во периодот на неговото одвивање, но исто така и понатамошни музички остварувања на евровизиските артисти. Во нивен неодамнешен блог објавија 10 причини зошто ја сакаат нашата држава на овој фестивал.

  1. Се движиме со времето

Нашата минатогодишна евровизиска песна ,,Dance alone” на Јана Бурческа ја опишаа како радио-песна од осумдесетите години. Песна чиј квалитет не избледна со текот на времето.

  1. Испраќаме супер моќни жени на Евросонг

Моќните жени се клучна карактеристика, за што несомнено пример е трикратната наша претставничка, поп дивата Калиопи.

  1. Интересен избор на костими

Не се плашиме со превземање ризик за изгледот на претставниците. Овогодинешната изведувачка, Марија Ивановска, од поп дуото Eye Cue беше стилизирана во минималистичка розева јакна која и го откриваше грбот и среберно сиво здолниште. Затоа, ја добивме  Barbara Dex наградата, која се доделува за најлош стајлинг. Наспроти, Даниел Кајмакоски во 2015 год. беше стилизиран со совршена есенска комбинација во стилот на самата песна.

  1. Секоја година сме на фестивалот без разлика на исходот

Најголемата причина зошто не сакаат е тоа што никогаш не се откажуваме. Од 1996 не учествувавме само 4 години, а во финале не влеговме изминатите 6 изданија на Евросонг.

  1. Креираме уникатни и специјални моменти

Минатата година, Јана беше запросена пред самото прогласување на резултатите, а во видеото картата пред настапот ја објави својата бременост. Бебето го крсти Дона, како и насловот на композицијата на Калиопи од 2016 година.

  1. Одиме на традиционална варијанта

Евровизискиот дует од 2013 на Влатко Лозановски и Есма Реџепова ,,Пред да се раздени” беше микс на поп со ромска музика.

  1. Вклучувавме тешки елементи

Наптавивме храбар чекор со вклучувањето на Греми хип-хоп победнички настап во настапот на Кајмакоски во 2015 година.

  1. Се држиме близу до семејството

Во 2008 Тамара Тодевска не успеа да се квалификува во финалната вечер, но во 2014 беше придружен вокал во композицијата ,,To the sky” на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

  1. Вклучување на македонскиот јазик во нашите песни

Не се срамиме да пееме на мајчиниот јазик. Еден од нашите најголеми евровизиски хитови ,,Црно и бело” на Калиопи беше изведена на македонски на сцената во Баку.

  1. ,,Нема враќање назад

Стихот ,,No way back’’ од компизицијата на Eye Cue и неговата соодветна кореографија дефинитивно стана хит на предевровизиските средби.

Бонус

Португалија победи минатата година за прв пат по 49 години учество. Тогаш, кој вели дека евровизиската треска нема да го зафати и Скопје еден ден.

Прегледи:
330
Објавено на:
13.08.2018