Ниедна мајка не зборува за тоа, но треба да знаете и да размислите:
1. Сте ја расплакале… многу пати
Заплакала кога дознала дека е бремена. Плачела кога ти дала живот. Плачела кога прв пат те држела во раце. Плачела од среќа. Плачела од страв. Плачела бидејќи ја преплавиле емоции. Секогаш ја чувствувала твојата болка и твојата среќа и ја делела со тебе, без разлика дали си свесен или не.
2. Сакала да го земе последното парче од колачот
Но видела како гледаш и не можела да го изеде. Знаела дека ќе биде многу посреќна ако го земеш ти.
3. Болка
Ја болело кога си ја влечела за коса, кога си ја гребела со ноктите кои никако не успевала да ги исече бидејќи тоа те плашело. И кога си ја гризела додека те доела, многу ја болело. Си и ги повредувала и ребрата додека те носела во стомакот, кој си и го истегнувала девет месеци. И трпела голема болка кога те донела на овој свет.
4. Секогаш се плашела
Од самиот почеток, правела сѐ што можела да те заштити. Не сакала да му дозволи на девојчето од соседството да те држи во раце и цела се наежила кога те земала. Мама била убедена дека само таа може да те зачува. Нејзиното срце почнало да чука двојно побргу кога си ги направила првите чекори. Никогаш не можела да заспие додека не се увери дека си стигнала дома здрава и дека сѐ е во ред.
5. Знаела дека не е совршена
Таа е сама на себе најголем критичар. Ги знае сите свои маани и понекогаш се мрази себеси поради нив. Најтешко е кога ти ќе и ги забележиш. Сакала да биде совршена мама, да прави сѐ како што треба, но и таа е човек, а луѓето прават грешки. Можеби сѐ уште се прекорува себеси поради нив. Би сакала да се врати во минатото и сѐ да поправи, но не може. Затоа, биди добар кон неа и знај дека дала сѐ од себе.
6. Гледала како спиеш
Неретко била будна речиси цела ноќ, молејќи се да заспиеш конечно. Одвај издржувала да ги држи очите отворени додека ти пеела приспивни песни и те нишкала. Кога ќе те заспиела конечно, седнувала покрај твојот кревет и целиот нејзин замор исчезнувал при погледот на твоето ангелско лице.
7. Се грижела за тебе многу подолго од девет месеци
Ти била потребна колку и ти неа. Се навикнала да те држи додека чисти, каде, понекогаш дури и додека спие, бидејќи тоа бил единствен начин да те смири. Ја болеле рацете и грбот, но и понатаму те држела во раце, бидејќи ти постојано си сакал да бидеш со неа. Те прегрнувала и бакнувала, си играла со тебе. Во нејзината прегратка си се чувствувал сигурно и сакано.
8. Кога си плачела, неа и се кршело срцето
Штом ќе видела дека низ твоето лице се сливаат солзи, правела сѐ да ги запре. Кога нема да успеела, нејзиното срце се кршело.
9. Секогаш те ставала на прво место
Можела без храна, одмор и сон. Секогаш ги ставала твоите интереси пред нејзините. Можела да ти посвети цел ден и на крај да нема време ни сила за себе. Следните денови сѐ би почнувала од почеток, бидејќи толку и значиш.
10. И повторно би го направила истото
Да се биде мајка е најтешката задача која може да се замисли и понекогаш доведува до нервен слом. Плачеш, те боли, се трудиш залудно, па повторнос е трудиш и учиш. А во исто време добиваш повеќе задоволства отколку што си можел да замислиш и чувствуваш повеќе љубов отколку што можеш да замислиш.
Покрај сите болки, непроспиени ноќи, рани будења и сѐ што мајката правела за тебе, таа сето тоа би го направила повторно, бидејќи толку и значиш.
И следен пат кога ќе ја видиш својата мајка, заблагодари и се и покажи и колку ја сакаш. Никогаш нема да биде премногу.