Наоѓањето на Вашиот/Вашата „засекогаш“ е еден од највозбудливите делови од животот. Многумина од нас се сигурни за човекот со кој сакаат да го поминат животот, меѓутоа не се сигурни за правото време кога треба да го кажат судбеносното „ДА“. Овие 10 разговори ќе Ве зближат со Вашиот партнер и ќе Ви ја покажат вистинската одлука. Почнете со:
-
Кои ни се омилени двојки и што ни се допаѓа најмногу во нивната врска?
-
Кои се нашите индивидуални и заеднички цели во иднината?
-
Дали сакаме деца? (Како би го планирале времето, како би ги израснале нашите деца, како ги замислуваме нашите родителски стилови?)
-
Каде би живееле во иднина? (Дали во куќа или во стан, дали во центар или подалеку од ценатрот, дали би мислеле да се преселиме некаде?)
-
Каков би бил нашиот идеален животен стил како двојка? (Што ќе се смени, колку често би сакале да патуваме, колку често би јаделе надвор?)
-
Какви се нашите финансиски планови и цели?
-
Колку е добра нашата комуникација?
-
Кој е еден дел од нашата врска кој што би можел да се подобри?
-
Какви се нашите сексуални потреби и желби?
-
Дали имаме исти или слични погледи на светот?