Сите сакаме хумор, а смешни селфиња се еден вид на хумор кој не’ поврзува сите со својата едноставност. Сепак, сите ние сме само луѓе. Погледнете ги овие селфиња подолу кои ќе ве насмевнат (со надеж дека и нашите коментари за нив ќе ве насмевнат, исто така:) )
1. Човеку, не замарај ме, нели гледаш дека поминувам низ егзистенцијална криза!?
2. Застани сега зад мене и направи ѝ вака на устата и ќе бидеме исти!
3. Не знам зошто некој воопшто би се сликал во супермаркет, небаре постои некој кој ужива во тоа искуство. Мислам дека реакцијата во позадина е правата реакција :)
4. Се сеќавате на селотејп трендот? Ако не се сеќавате, ова ќе ви биде добар потсетник дека пред неколку години по социјални мрежи гледавме вакви селфиња. Зошто имаше ваков предизвик меѓу луѓето, никогаш нема да дознам.
5. Ако немате доволно комплекси во врска со вашиот изглед, направете го ова селфи и останете запрепастени засекогаш од себеси :)
6. Упс… преводот на сликата е: „Девојка ми секогаш се обидува да ме слика неспремен“, а од позадината е очигледно дека раката му е девојка.
7. Она кога сакаш да направиш убаво селфи во кола, ама другите возачи не сакаат.
8. Наредново е веќе ремек дело. Old-school селфи, со камера веројатно постара и од самиот „селфист“.
9. „Планираш да ме храниш или ќе се сликаме цел ден?“
10. Не се знае каде му почнува маицата, каде кожата. Изгледа како некоја целосна тетоважа на градниот кош, а дури и личат во лицето!