Категории

10-те најубави улици низ светот, кои сигурно ќе ве воодушеват

Колоритните домови во населбата Ла Бока во Буенос Ариес рефлектираат голем дел од стилот од подоцнежните години од 19-тиот век. Кога Европските емигранти дошле во овој предел, сиромашни, користеле тенок метален материјал за да изградат куќи, потоа ги фарбале, а кога ќе завршена бојата, работеле со друга боја.

Така е создадено ова колоритно место Caminito и денес е место кое е одржувано од артистите кои го зачувуваат духот на оваа уникатна локација.

Улицата Ломбард во Сан Франциско е едно најпосетуваното место од страна на туристите во Сан Франциско. Често има група на туристи кои стојат одстрана и гледаат како возачите, со препорачаната брзина од 5 милји на час, се движат по патот создаден во 1922 година, со цел да ја намали брзината на возачите кои се спуштале по големата удолнина.

Улиците во Чефчаоуен, мал град во Мароко, се познати по различните нијанси на сина. Основан во 1471 година, градот некогаш бил тврдина за егзил од Шпанија. Низ вековите многу Евреи се доселиле во овој град, а кај нив постоело верување дека сината боја ќе ги потсетува луѓето за моќта на Бог. Најинтересни улици за туристите во овој град се  Al Hassan Onsar, Rue Outiwi и Rue Bin Souaki.

Лоцирана во Андалузија, Шпанија, Jerez de la Frontera е град познат по исклучителните вина. Оваа улица во историскиот центар е покриена со лози и е навистина необична и со посебен шмек.

Лиџанг е град 1.000 години и е заштитен од УНЕСКО како светско наследство. Познат е по уникатните канали и пешачки патеки. Чекорејќи низ улиците Qiyi Chongron или Wuyi  Wenzhi имате спектакуларно искуство.

Секоја пролет, две до три недели, оваа улица во Бон, Германија со јапонски црешови дрвја е нешто неверојатно.

Патот Брегагх во Балимонеи во Северна Ирска е создаден во 18-ти век со испреплетени гранки. Денес го има надимакот Dark Hedges и фановите на „Игра на Тронови“ сигурно ќе го препознаат.

Шанзелизе можеби е најпознатата улица во светот. Убаво уреден километарски дрворед, а се протега од Конкорд до Триумфалната капија.

Насекаде во Амстердам има бродчиња и велосипеди, а каналите привлекуваат многу туристи, но Brouwersgracht, лоцирана на пола километар од централната железничка станица можеби е една од најживописните локации во овој град.

Проектот „Небо од чадори“  започнал во 2011 година како дел од годишниот Фестивалот на уметност во Агитагуеда, Португалија. Секое лето, улиците на овој град се покриени нудејќи сенка од сончевите зраци.

Прегледи:
391
Објавено на:
08.04.2017